Очајни и лицемерни се обидите на СДС да дефокусираат од криминалите на актуелната власт

vmro-dpmne
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавноста од СДС и Ковачевски очекуваше став за криминалот на актуелната власт, за црната листа на која се најде нивниот коалициски партнер Мерко, за тоа како без денар се купува трговски центар, за тоа каде е Ден Дончев со торбичката во која ставаше снопчиња со пари, како блиски на функционерите на власт стануваат сопственици на компании за електрична енергија, стануваат милионери, или добиваат земјишта, деловни објекти и хотели по багателни цени.







Обидите да се дефокусираат криминалот и корупцијата на власта на ДУИ и СДС со вадење од нафталин теми од пред 10 или 15 години нема да им помогне ниту на СДС, ниту на Ковачевски. Тоа што молчат за бизнисите на Груби, Ахмети, но и за своите луѓе само покажува колку се лицемерни, а во исто време очајни и полтронски поставени пред нивниот поголем партер во владата.

Кога веќе СДС сака да пишува соопштенија со реминисценции, нека напише едно за судско бизнис спрегата за која се огласи австрискиот амбасадор, или за случајот „Маџар Телеком“, или за тенковските делови или за било кој случај од криминалната транзиција.

Тоа што го сметаат за сламка спас нема да им помогне да се спасат од судот на народот, а потоа и од одговорноста за целиот криминал на оваа власт на ДУИ и СДС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK