Израел ја брани Европа од џихадистичкиот бран, изјави денес претседателот на земјата Исак Херцог, кој се сретна со чешкиот премиер Андреј Бабиш во претседателската резиденција во Ерусалим.
„Ова е порака и за народите на Европа и за народот на Чешка. Ние во Израел ја браниме и заштитуваме Европа. Ние сме тампон за џихадистичкиот бран што ја напаѓа Европа“, изјави Херцог Бабиш и делегацијата на министри од чешката влада, објавува „Тајмс оф Израел“.
Бабиш ја нагласи врската меѓу Израел и Чешка, која датира од 1948 година.
Прага останува еден од најцврстите сојузници на Израел во Европа, според „Тајмс оф Израел“.
Според соопштението од кабинетот на Херцог, Бабиш и Херцог разговарале и за продлабочување на врските во областите на одбраната, здравството, иновациите и трговијата.