Пратеникот Мартин Костовски на седница на ПС на ПСЈИЕ во Будва

kostovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на Десеттата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ што се одржува од 18 до 19 мај 2023 година во Будва, Црна Гора, се одржа седница на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ). На седницата учестуваа делегации на Грција, Србија, Романија, Словенија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Хрватска и Бугарија. Во работата на Комитетот учествуваше пратеникот Мартин Костовски, член на Постојаниот комитет, информираат од собраниската прес-служба.







На Комисијата се расправало за Предлог-извештаите и Предлог-резолуциите на Комисијата за социјални работи, образование, истражување и наука и на Комисијата за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка. Се одржала амандманска расправа по Предлог-завршната декларација, со што бил усогласен текстот на завршната декларација кој треба да се усвои на Пленарната сесија. Следната година Собранието на Република Северна Македонија го презема претседавањето со ПС на ПСЈИЕ, при што на овој состанок била усвоена и Работната програма 2023/2024.

-Пратеникот Мартин Костовски изрази задоволство што во следниот период од 1 јули 2023 до 30 јуни 2024 година, Собранието на Република Северна Македонија го презема претседавањето со ПС на ПСЈИЕ. Потенцираше дека ќе се посвети поголемо внимание на регионалната соработка која помага да се зајакнат врските меѓу луѓето во насока на продлабочување на економската соработка. Македонското претседателство ќе се фокусира на дигиталната транзиција што ќе овозможи развој на дигитални вештини што ќе ги направи јавните власти потранспарентни и поодговорни кон граѓаните, велат од македонското Собрание.

На крајот на седницата на Постојаниот комитет сите пратеници ја потврдиле Завршната декларација која треба да се усвои на Десеттата пленарна сесија што ќе се одржи на 19 мај 2023 година и на која се очекува свое обраќање да има претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK