Мехмеди: Работната група денеска треба да одлучи за деловникот, не е пријавено дека ќе се зборува за други теми

mehmedi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Точка на дневен ред на денешниот состанок на Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот е да се усвои деловникот и не е пријавено дека ќе се дискутира на други теми, изјави денеска пред почетокот на состанокот членот на групата од редовите на Алијанса за Албанците, Ремзи Мехмеди.







На прашањето дали ќе се води суштинска расправа по предлог-иницијативата тој нагласи дека станува збор за продолжение на втората седница, на која треба да се разговара за тоа како ќе движат работите понатаму.

Во врска со тоа дали има други предлози од партиите, на пример бришење на 20 проценти за албанскиот јазик, Мехмеди вели дека денеска треба да се одлучи за деловникот и оти не е пријавено дека ќе се зборува за суштински работи.

-Затоа ќе видиме, имаме претседател, имаме потпретседател на комисијата и ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK