Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, предизвика невиден скандал во европскиот фудбал откако јавно ја спореди медиумската стратегија на Реал Мадрид со пропагандните методи на Јозеф Гебелс и нацистичкиот режим.
Причината за реакцијата на 64-годишникот беа честите обвинувања од „Сантијаго Бернабеу“ на судските и дисциплинските органи, вклучително и острата реакција на суспензијата на Винисиус Жуниор од четири натпревари поради инцидентот против Виљареал.
Првиот човек на Ла Лига се огласи на својата официјална страница на социјалната мрежа „X“ и остро го осуди известувањето на официјалниот клупски канал на Мадрид:
„Раководството на Реал Мадрид диригира со оркестар од натрапници, а „Реал Мадрид ТВ“ е неговиот најистакнат експонент. Нивниот резултат е секогаш ист – да избираат потези во нивна корист, да повторуваат поплаки, да поттикнуваат сомнежи и да посочуваат непријатели. Овој метод потсетува на пропагандните механизми што ги користел Јозеф Гебелс, министерот за пропаганда на нацистичка Германија. Систематско повторување, конструирање непријатели и потчинување на фактите на наративот.“
Реакцијата на раководството на „кралскиот клуб“ пристигна во најкраток можен рок преку официјално соопштение во кое зборовите на Тебас беа означени како апсолутно недозволиви и некомпатибилни со институционалната неутралност.
Реал Мадрид побара негова итна оставка од функцијата претседател на Ла Лига и потпретседател на Шпанската фудбалска федерација, користејќи ја можноста повторно да го отвори прашањето за случајот „Негреира“ и да побара целосна реформа на судискиот систем во земјата.
Foto/ Depositphoto