Тошковски вели дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со „Пулс“


puls-toshkovski-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Собранието почна расправата по интерпелација на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на партијата Левица.


Пред пратениците се обрати министерот, кој рече дека не е направен пропуст од страна на МВР во случајот со импровизираната дискотека „Пулс“.

Toшковски вели дека не се плаши од одговорност и жали за секој изгубен живот, а институциите постапуваат по сите случаи во согласност со законот.

„Пред вас не стојам како министер, туку како човек кој ја разбира тежината и одговорноста што ја носи функцијата. Ќе зборувам како личност што носи одлуки, но и како министер, и родител“, рече Тошковски.

Министерот во однос на точките од интерпелацијата изјави дека лиценцата за „Пулс“ била фалсификувана, а за употребата на пиротехнички средства немало ниту барање ниту дозвола. Во врска со точката од интерплацијата за наукажување на помош од страна на полициските службеници, Тошковски вели дека дека веднаш по дојавата за трагедијата, МВР реагирало со сите капацитети а службениците регаирале ефикасно со насочување на сите ресуроси.

„Не можам да дозволам да се оцрнува секој еден полициски службеник и професионалец во рамки на МВР од страна на оние кои не и мислат добро на Македонија“, рече Тошковски.

Интерпелацијата ја поднесе партијата Левица поради, како што се наведува, немањето никаква контрола врз дискотеката Пулс, нелегалната употреба на пиротехнички средства, неукажувањето помош од страна на полициските службеници, непроцесуирани закани против неистомисленици на власта, и забраната за употреба на дронови од МВР, што според партијата Левица, беше злоупотребено за да се повреди правото на протест.

Останатите пет точки од интерпелацијата, како што беше истакнато, се однесуваат на уапсени граѓани во гостиварско кои чистеле црква, на непостапувањето при палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, кражбата на марихуана која ја чувала полицијата, за случајот со апсењето и притоворањето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни, и кадровската политика во Министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK