Пожарникари. Наставници. Медицински сестри. Психолози. Полицајци. Волонтери.
Сите вие кои сте први на линија кога другите не можат. И кои често го носите тоа во тишина.
Овој мај започнува серија на групни поддржувачки сесии, наменети за професионалци што беа директно или индиректно погодени од трагедијата во Кочани.
- 4 работилници – секоја втора сабота
- Почнувајќи од 10 мај, во Кочани
- Водени од психолози и супервизори
- Фокусирани на стабилизација, размена, справување со замор, емотивна преголема вложеност, второстепена траума и прегорување
Контакт за пријава: 078 313 306
Максимална доверливост. Целосно бесплатно.
Реализацијата на проектот е овозможена од dm Македонија во соработка со стручниот тим на Психолошкиот Центар Алтернатива – Групација Алтернатива.