Стерјовски оствари средба со претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

sterjoski sredba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ, Васил Стерјовски денеска во Корча оствари средба со Марион Џоуанет и Филипо Ристолдо, претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, за локалните избори.







– На средбата остварена на нивно барање разговаравме за учеството на нашата партија, Македонска алијанса за европска интеграција на претстојните локални избори во Албанија кои ќе се одржат на 14 мај. Исто така стана збор и за предизвиците и проблемите со кои се соочува македонската заедница во Албанија, изјави Стерјовски за МИА.

Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР ги запознал со „разните методи и притисоци што последните години Бугарија како членка на ЕУ ги врши за асимилација на Македонците во Албанија”.

Во тој контекст, нагласува Стерјовски, и за притисокот насочен кон единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска Алијанса за европска интеграција која е единствениот глас на Македонците и се бори за заштита на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции во Република Албанија.

– Исто така, претставниците на ОБСЕ/ОДИХР ги запознав со саботажата што и се направи на МАЕИ во Општина Пустец кога локални структури кои работат за Бугарија во координација со структури од Република Македонија се обидоа да ја спречат регистрацијата на советничката листа на МАЕИ во Општина Пустец, во единствената општина населена со 100 отсто македонско население. Благодарение на Централната изборна комисија (ЦИК) која ја прифати нашата жалба и нашите аргументи, успеавме да се регистрираме за учество на локалните избори во општина Пустец, посочува Стерјовски во изјавата за МИА.

На срдечната средба, како што ја оценува, разменети се мислења и околу подобрување на Изборниот законик и олеснување на условите за учество и финансирање на партиите на малцинствата на парламентарните и локалните избори во Албанија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK