Средба на директорот на БЈБ Сашо Тасевски со генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ Јирген Шток

BJB INTERPOL
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешната 50. Европска регионална конференција на Интерпол, која се одржува во Охрид, а чиј домаќин и соорганизатор е Република  Македонија, се одржа билатерална средба помеѓу директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и генералниот секретар на ИНТЕРПОЛ, Јирген Шток.







Како што соопшти МВР, на средбата и двајцата соговорници го потврдија големото значење од континуирано разменување оперативни информации, сознанија и податоци од областа на организираниот криминал, тероризам, проверка за оригиналност на документи, идентификација на лица во рамките на ИНТЕРПОЛ.

-Меѓу другото, особено се стави акцент на хибридните закани како еден од безбедносните предизвици со кои се соочува светот денес, како и на борбата против глобалните закани како што се тероризмот и сајбер криминалот кои поттикнуваат неопходна соработка и координиран пристап помеѓу државите со цел нивно сузбивање, се наведува во соопштението.

Тасевски и Шток изразиле благодарноста за досегашната соработка, како и отвореноста за продлабочување на истата. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK