Облачно и посвежо со врнежи од дожд

dozd
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.







Во Скопје претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови под влијание на влажен и студен бран следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено во среда и четврток.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK