Општина Кисела Вода реконструира три улици во населба Драчево

Општина-Кисела-Вода-реконструира-три-улици-во-населба-Драчево.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Нови три улици во населата Драчево се опфатени со градежен зафат. Градоначалникот Ѓорѓиевски присуствуваше на асфалтирањето на улиците “Славчо Стојменски”, “Томе Стефановски” и крак од улицата “Славка Динкова”. Се работи за потег од околу 1300 квадратни метри.

-Се наоѓаме во населбата Драчево, каде продолжуваме со започнатиот проект за целосна обнова на патната инфраструктура во општина Кисела Вода. Денес ги асфалтираме улиците “Славчо Стојменски”, “Томе Стефановски” и крак од улицата “Славка Динкова”. Ова се сообраќајници на кои триесетина години наназад никој претходно не интервенирал, поради што тие имаа видливи оштетувања. Се работи за површина од околу 1300 квадратни метри, кои во своето секојдневие ги користат околу 500 жители. Ветувањето што им го дадов- денес станува стварност и од денес тие имаат подобри услови за живот. Продолжуваме со реконструкција на улиците и во останатите населби и населени места бидејќи нашата цел е јасна од првиот ден-целосна обнова на патната инфраструктура и постигнување на рамномерен регионален развој-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Досега во населбата Драчево се асфалтирани улици во должина од околу 14 км., додека на целата територија на општина Кисела Вода во овие две години е обновена преку 44 км патна инфраструктура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK