Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи.
Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.
Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец. Дневните температури од сабота со засилен северен ветер ќе бидат во опаѓање.