Полицијата го пронајде и мобилниот телефон на Вања

Полицијата-го-пронајде-и-мобилниот-телефон-на-Вања.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пронајден е мобилниот телефон на 14-годишната Вања Ѓорчевска која беше киднапирана пред својот дом и свирепо убиена за помалку од три часа.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната вонредна прес-конференција беше прашан дали е пронајден телефонот, на што кусо одговори „да“.

Кобниот ден, на 27 ноември, Вања утрово во 7:27 часот го напуштила домот на пат кон училиштето Песталоци. Од она што досега е познато, киднаперите минута подоцна ја фатиле на приземјето, и’ ги врзале рацете и ја ставиле во вреќа за спиење. Потоа ја турнале во „цитроенот“ која бил украден од Велес од втората жртва, велешанецот Панче Жежовски. Со возилото се упатиле кон улицата Партизански одреди, а веќе во 7:35 часот, телефонот на Вања бил исклучен и последен пат лоциран во близина на „Броз кафе“, кај „Силбо“. Дента во 10 часот, Вања е убиена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK