Почна расправата по Предлог-измените на Законот за градење на седница на Комисијата за европски прашања

sednica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членовите на собраниската Комисија за европски прашања денеска ја почна дебатата по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, кој е дел од петте закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. За овој предлог-закон поднесени се 17 амандмани од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.







Во Комисијата почна расправата по првиот амандман за бришење на Член 1 поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во образложение на амандманот рече дека тој се предлага бидејќи потребно е градбите од стратешки интерес да се градат согласно постоечкиот Закон за  градење, односно да се запази постапката за одобрение за градба, а не со урбанистички проект од стратешки интерес.

Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи истакна дека амандманот не е прифатлив затоа што, како што посочи се уредуваат и други и други објекти од стратешки интерес како што се државни патишта, железници, гасоводи и други јавни објекти. Посочи дека овој амандман ќе се спроведе само за Коридорот 10Д.

-Процедурата за стратешки инвестиции не беа регулирани со Законот овде е суштината на измените на овој закон. Станува збор за измени во однос на намалување на времето управни постапки за соодветните документи. Процедурата за стратешки инвестиции претходно не беше регулирано. Има многу закони вo Македонија при што за одредени прашања за капитални инвестиции, стратешки инвестиции имаат административни пречки. И ова прашање со овие закони се регулира и токму тоа го правиме, рече Реџепи.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и за овој предлог-закон забележаа дека не треба да биде доставен со европско знаменце и оти се злоупотребува. Посочија дека се за градење, но обвинија дека се против расипничко трошење на граѓанските пари. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека се уште Договорот за градење на Коридорите 8 и 10Д не и е доставен на пратениците на разгледување. На ова, претседателот на Комисијата и пратеник на ДУИ, Арбер Адеми истакна дека интегралниот Договор е во Собрание и ги чекаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дефинираат време и датум и Комисија на која би се разгледал тој. Посочи дека од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кажале дека свиркачи им го доставиле Договорот.

Членовите на Комисијата за европски прашања со работа продолжува и попладневните часови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK