Доделени наградите на Меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“

nagradi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На завршниот концерт на меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“ на сите најдобро рангирани учесници во штипскиот Безистен им беа доделени Лауреатот и Гран при наградите.







Директорот на Дражавното средно училиште (ДСУ) „Сергеј Михајлов“, Горан Кавраков вели дека лауреатот на Фестивалот го доби Матеа Димова со освоени четири специјални награди по солфеж, теорија на музика, пијано облигат и виолина. Гран при наградата во категоријата класични инструменти ја доби Мартина Китанова, во категоријата традициски инструменти им припадна на Ангел Димитров и Кире Аџиев. Тамара Груевска ја заслужи Гран при наградата во категоријата поп и џез, а во категоријата сет тапани најдобар беше Матеј Темелков.

-Учество на повеќе од 550 учесника изминатите пет дена во повеќе категории. Малку напорно, меѓутоа ние сме презадоволни што натпреварот од година во година зема сè поголем замав, сè повеќе учесници од нашата држава, но и од соседните држави, па и пошироко се дел од овој Фестивал. Учесниците, и сами можеме да забележиме од социјалните мрежи, се презадоволни од организацијата. Се одржуваше на пет локации, во Безистенот, на УГД, Домот на култура, Домот на млади и во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, каде што беа поголем дел од натпреварувачите“, вели Кавраков.

Организаторите, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ и Здружението „Уметност за сите“ се задоволни од реализираниот натпревар и за следната година најавија збогатување на програмата и новини.И годинава пристапот беше комбинирано одржување, и „онлајн“ и со физичко присуство, а за најдобрите одлучуваше Комисија составена од реномирани професори од земјава и странство, меѓу кои најмал број се од музичкото училиште.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK