Oрбан: Историска грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати

mickoski-orban.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој престојува во дводневна посета на земјата оцени дека е историска грешка што Брисел се’ уште не ги почнал преговорите со Северна Македонија, додека тоа го направи со Албанија.



„Народите и државите од Западен Балкан заслужуваат многу повеќе од она што го добиваат од Брисел. Северна Македоија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 заедно со Хрватска. Од тогаш Хрватите се веќе членки, а со Северна Македонија не се почнати ни преговорите. Тоа е историска грешка, која уште може да се удвои бидејќи државата ќе биде ставена зад Албанија за што не гледам никакви причини. Предизвик за Владата ќе биде да се бори со овој нечесен став“, рече Орбан на заедничката прес-конференција со премиерот, Христијан Мицкоски.

Дополнително, унгарскиот премиер истакна оти позицијата на Унгарија е јасна, а тоа е дека е важна стабилноста на Западен Балкан и интеграциите на кои предолго се чека. Орбан вели дека со зачленување се напредува, но ЕУ во меѓувреме ја загубила динамиката и мора да го обезбеди проширувањето.

„Украина и Молдавија добија забрзани постапки за членство. Мораме да внимаваме на политичкиот фактор, но и да ги почитуваме државите кои долги години работат на тоа, а сега се ставени во втор план, што не е чесно. Сметаме дека е многу важно да се одржи на дневен ред членството на Западен Балкан во ЕУ. Подготвени сме за меѓувладини конференции“, рече Орбан.

Се осврна и на пријателството помеѓу двете држави, коментирајќи дека ова е негова 18 средба со премиерот Мицкоски кој доаѓа од братска партија, но двајцата не ги мешаат партиските и државните работи.  Рече и дека сега се прославува 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави.

„И двата народи имаат долги историски традиции, цело време е каратреристична борбата за зачувување на националниот интерес и слободата. Важно е да ги зачуваме идеалите и националнната гордост, што е најважно за една нација“, рече Орбан.

Унгарскиот премиер потсети на помошта што ни ја испрати летово Унгарија во борбата со пожарите, но и се заблагодари за помошта на Македонија од 2015 година во однос на миграциската криза, кога Унгарија, според зборовите на Орбан, станала свесна за клучното значење што го има Северна Македонија за безбедноста на унгарската држава.

Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени посетата на Орбан како доказ за одличните пријателски односи и соработката кои се продлабочуваат со секој изминат ден.

„Унгарија секогаш не поддржувала и во напорите за нашата европска интеграција. Пријателството продолжува да се зацврстува. Унгарија беше еден од нашите први партнери кои ги препозна нашите стремежи за независност и суверенитет. Со години политичките и економските врски се прдлабочуваат, а средбите го потврдуваат нашето сојузништво“, рече Мицкоски.

Двајцата разговарале за регионалната стабилност и економскиот просперитет, конкретни проекти за бизниси. Дискутирале за стретешки проекти, како север-југ, транспортниот коридор којшто го поврзува Балканот со Унгарија кој е огромно значење за енергетската сигурност на целиот регион.

Мицкоски му се заблагодари на Орбан за поддршката и пријателството, оценувајќи дека посетата ќе придонесе за уште посилно партнерство и можности за соработка, во интерес на граѓаните.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK