Орбан има предлог за изнаоѓање решение со Бугарија, му го кажал на Мицкоски

orban-mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Следен чекор е Северна Македонија да се спогоди со Бугарија, изјави унгарскиот премиер, Виктор Орбан, при посетата во Охрид, за време на заедничката прес-конференција со премиерот, Христијан Мицкоски.



Како што рече, тој му го кажал предлогот на Мицкоски.

„Унгарија е подготвена да го искористи претседателството и да посредува по ова прашање. Дали страните ќе ја прифатат Унгарија како посредник е нивна работа. Сакаме да посредуваме да се најде решение кои им одговара и на двете страни“, рече Орбан.

Прашан од новинарите за одвојувањето на Северна Македонија од Албанија на патот кон ЕУ, премиерот на Унгарија изјави дека е неразбирливо да се залажува една држава постојано со почеток на преговори, додека напредуваат сите други земји со кои заедно тргнала во процесот.

„Уште еднаш би сакал да нагласам дека националната гордост е најважна за една нација и ЕУ мора да ја има во предвид националната гордост. Она што се случува тука е повредување на националната гордост на граѓаните на Севрена Македонија. Ако гледаме реално, оддамна требаше да сте членка. Наше мислење е дека треба да градиме пријателства, а не рани на душтата на една нација. Затоа по мене е голема грешка што се уште не сте членка и што сега ве одвојуваат од една друга држава која ја форсиараат забразно кон тоа“, рече Орбан.

Заклучи дека до крајот на годината, Северна Македонија мора да почне преговори за членство во ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK