Обезбедени првите пари од хуманиот и еколошкиот паркинг во Кавадарци

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обезбедени се првите пари од хуманиот и еколошкиот паркинг во Кавадарци, што беше воведен неодамна, информираше попладнево во изјава за МИА, Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци.







– Станува збор за еколошко – хуманитарен проект. ЦКА – ПХВ младинците од СОУ ,,Киро Спанџов Брко” од Кавадарци по поднесената заедничка иницијатива на Црвен крст Кавадарци и ЈП Паркинг и донесената одлука на Совет на општина Кавадарци, го реализираа проектот кој е комбинација од хуманитарен и еколошки карактер. Проектот е насловен како „Еко – Хум Паркинг“ и истиот обезбедува 4 паркинг места од кои 2 хуманитарни во центарот на градот и 2 еколошки пред музеј галеријата, соопшти Каракулев.

Средствата од смс пораките од возачите што ќе ги паркираат своите возила, ќе одат на две посебни потсметки и ќе се користат за еколошки и хуманитарни цели

– Комисија од Советот на општината на секои 4-5 месеци ќе прави пресек на собраните средства од смс пораките и по одредени критериуми, ќе одлучува каде ќе се насочат овие средства. Направен е мал екпериментален пресек за само 9 работни денови, од кој може да се види дека од хуманитарниот паркинг кој е во зона А, од смс пораки собрани се околу 4000 денсри, а од еколошкиот паркинг кој е во зона Ц, собрани се 570 денари, додаде Каракулев.

Тој упати пофалби за идејата и иницијативата за овој, како што нагласи, голем општествено одговорен и траен производ, кој ќе помогне на многу ранливи групи на граѓани, а ќе придонесе и за еколошки цели и почист воздух.

Даниела Лазовска е дисеминатор при Црвен крст Кавадарци, за програмата ЦКА-ПХВ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK