Општина Делчево првпат се приклучува на пролетната акција ,,Генералка Викенд 2023″

opshtina-delchevo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Делчево за прв пат се приклучува на пролетната акција „Генералка Викенд 2023“. Во активностите кои ќе се одржат претстојниот петок ќе се вклучи и Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ со тоа што предвидено е да се чисти на локација во близина на с. Очипала.







– Оваа година, Општина Делчево и ЈКП „Брегалиница“ за прв пат се приклучуваат кон акцијата за чистење насловена „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023“ која ќе се одржи на 12.05.2023 (петок). Тргнувањето на сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат кон акцијата е во 09.30 часот од паркингот пред Спомен-дом АСНОМ, учесниците во акцијата е обезбеден соодветен алат и пијалаци за освежување. Предвидено е да се чисти на локација во близина на с. Очипала, информираа од Општината.

Оттаму апелираа граѓаните да се приклучат на акцијата и да дадат свој придонес во реализација на истата.

– Целта на акцијата е да се исчисти отпадот кој се создава и да го рециклираме во зелена иднина за нас и за генерациите кои доаѓаат, додадоа од Општина Делчево.

Активноста се реализира заедно со Пивара Скопје и ПАКОМАК, со поддршка од Нула Отпад и Шпаркасе Банка и МЕН ЕНД МАУНТЕН. Акцијата ќе се реализира во 53 општини со учество на 85% од вкупното население на Северна Македонија, повеќе од 13.000 волонтери и повеќе од 400 училишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK