Завршен настан на проектот „Дигитализација и инклузивно образование-никој да не заостане во дигиталната ера“ во Куманово

Kumanovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Професорите од кумановските основни училишта можат да ги унапредат дигиталните вештини при работа со ученици со попреченост преку корисни алатки кои се изработени во рамки на Еразмус проектот „Дигитализација и инклузивно образование-никој да не заостане во дигиталната ера“ кој денеска го презентираа професори од кумановското основно училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ од Куманово. Во проектот вклучени се и две невладини здруженија од Скопје и Сараево и универзитети од Грац и Болцано, Италија.







Милица Тимчевска, координатор на проектот и наставник по англиски јазик, изјави дека проектот е наменет за соработки на полето на иновациите и размена на добри практики, а целта е да се унапредат дигиталните вештини на наставниците при работа со ученици со и без попреченост.

Милица Тимчевска, координатор на проектот и наставник по англиски јазик ФОТО/МИА

– Ова е промотивен настан, на кој ги поканивме колегите од основните училиште од Куманово како и релевантните чинители на полето на образованието од општината, со цел да ги промовираме продуктите од проектот. Тоа се масовниот онлајн отворен курс за наставници за унапредување на дигиталните вештини во образованието и да промовираме две чек-листи кои се однесуваат на унапредување на вештините на наставниците при избор на соодветна дигитална алатка за работа со ученици со попреченост, како и за адаптирање на средината за учење и поучување при работа со ученици во инклузивна средина, изјави Тимчевска.

Претходно, појасни таа, извршена е анализа на подрачјето на основните училишта од партнер државите, по што се реализирала онлајн обука и биле изработени и студии на случај поединечно во секоја држава. Студиите на случај ќе бидат презентирани во Глазгов.

Розита Петринска Лабудовиќ, претседател на здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ од Скопје посочи дека проектот произлегол од време на пандемијата и предизвиците со кои се соочија и наставниците и учениците.

Розита Петринска Лабудовиќ, претседател на здружението за унапредување на образованието, културата и спортот „Образование за сите“ ФОТО/МИА

– Сите ученици верувам дека имаа тешкотии, имаа предизвик да се справат со начинот на кој ќе го продолжат своето образование во услови на пандемија, но ние верувавме дека пандемијата донесе особено проблеми во однос на учењето за учениците со попреченост. Токму затоа решивме со нашите партнери од Италија, од Австрија кои се координатори, од БИХ да направиме еден проект со којшто ќе дадеме секој свој придонес за подобрувањето на условите. Избравме темата на овој проект да бидат дигиталните алатки, бидејќи ние знаеме дека секој ученик на свој начин доаѓа до образованието и секој има свои различни потреби и веруваме дека дигиталните алатки можат во поголема мера да го подобрат и квалитетот на образованието и пристапот до образованието и воопшто до образовните алатки, изјави Петринска Лабудовиќ.

Креирани се алатки, масивен онлајн отворен курс кој е наменет за наставниците од основните училишта во инволвираните држави, преведен е на сите јазици на партнерите учесници во проектот. Според неа, самиот курс е направен така што секој наставник може во своето слободно време да избере во кое било време сам да ги го заврши курсот и на крајот да добие сертификат.

Курсот е поделен на пет теми, се работи и за универзалниот дизајн за учење, се работи и за помошните технологии и за дигитални алатки кои можат да се применат во образованието. Студиите на случаи за овие држави, употребата на дигиталните алатки, двете чек-листи беа презентирани денеска и ќе ја олеснат евалуацијата и на дигиталните алатки и на создавањето на материјали и средина за учење, вклучително и за учениците со попреченост и генерално за сите ученици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK