Хуманитарен спортски ден во Делчево

humanitaren sportski ded - Delcevo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Делчево е организиран хуманитарни спортски ден во чии рамки се одиграа спортски натпревари во фубдал и ракомет. Настанот го организираше училишниот актив при деветолетката „Св.Климент Охридски“, од каде информираа дека целта е да им се помогне на ученици кои потекнуваат од семејства од социјален ризик.







-Натпреварите се одиграа во спортската сала Методи Митевски Брицо. Влезниците имаа симболична цена за ученици и родители. Собраните парични средства ќе бидат доделени на наши ученици кои се од социјално-загрозени семејства. Благодарност до сите ученици, родители и фирми кои актовно се вклучија во оваа активност, истакнаа од ООУ „Св.Климент Охридски”.

Оттаму додадоа дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период.

– Нашата училишна заедница редовно  организира вакви хуманитарни активности. Исто така наши ученици кои се волонтери во Општинската организација на Црвен крст како дел од проектите ЦКА ПХВ досега учествуваа во активности за помош на наши семејства кои имаа потреба од мебел, додадоа од делчевската деветолетка.

За самите учесници во натпреварите со нивното учество предизвик е да се помогне онаму каде е најпотребно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK