Мицкоски: Нема дел од Велес каде не се реализираат проекти

mickovski veles
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Велес и увидот на градежните работи и други проекти, изјави дека сè што е направено е импозантно и затоа му честита и на градоначалникот Марко Колев, на советниците и на администрацијата на Општина Велес.







– Во овие тешки услови кога се практично континуирано под притисок на оваа Влада на ДУИ поддржана од помалиот коалициски партнер СДСМ, тие сепак успеваат да најдат мотив да го реализираат она коешто е ветено. А, богами од ова што сега го слушнавме имаат и многу повеќе работи коишто не беа дел од програмата, а сепак се реализираат, потенцира Мицкоски.

Тој истакна дека е убеден дека многу и предвреме ќе биде реализирана целосната програма посебно откако новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со сериозна поддршка за Општина Велес.

– Така што, можам да го изразам моето нескриено задоволство дека се работи и Велес добива поинаква слика. Секој дел од Општина Велес практично станува допрен, нема недопрени делови на општина Велес. И тоа е многу добро. И заради тоа сакам да им честитам и на Марко на градоначалникот, на советниците, на администрацијата за оваа исклучително квалитетна работа којашто ја прават овде за Велес и за велешани, потенцира Мицкоски.

Тој им порача така да продолжат и дека очекува од нив уште многу проекти посебно проекти коишто не се ветени, а коишто со идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат реализирани во Велес.

Градоначалникот Марко Колев потенцира дека ликот на Велес се менува, се реконструираат голем број на улици, се вложува во спортот и културата

– Јас ќе се обидам да кажам неколку работи коишто се случуваат моментално во Велес се со цел граѓаните на Велес да имаат претстава за што зборувам. Пред малку бевме на улицата Лазо Смаков, пред неколку месеци таму почнавме и ја сменивме водоводната линија и други инфраструктурни проекти, но еве пред неколку дена почнавме темелна реконструкција на целата улица, фактички вадење на целиот асфалт, таму има два слоја на асфалт, нови тротоари и нови ивичњаци. Денеска со претседателот ќе ја посетиме улицата Архиепископ Михаил која денеска почнува да се реконструира, се работи за поголема улица од 750 метри, потоа едниот крај од улица Сараевска е завршен уште два ни остануваат и деновиве и тие ќе бидат завршени, улицата Киро Ќучук ќе добие асфалт, и многу други улици во Велес и околните места, потенцираше тој.

Колев во текот на своето обраќање најави и неколку проекти за следниот период.

-Тука можам да најавам дека во наредниот период со советниците ќе работиме еден поголем инфраструктурен проект, сите улици кои се околу пазарот да бидат реконструирани со нови тротоари со нови ивичњаци. Очекувам дека до јуни месец ќе биде завршен и градскиот пазар и ќе можеме да го пуштиме, неколку дена се работи и на кејот на реката Вардар, проект финансиран од ЕУ, појасни Колев.

Воедно информира дека во Младинскиот парк каде беше прес-конференцијата може да се забележи дека има градежни активности, се реконструира целосно Младинскиот парк, но се реконструира и амфитеатарот и тој ќе добие нов лик.

– Работиме и на реконструкција и на спортскиот комплекс, а деновиве треба да го распишеме и тендерот за најголемото спортско игралиште, вложуваме сериозни финансиски средства во поддршка на спортот и во културата каде за неколку дена почнуваат неколку културни манифестации, најави градоначалникот Колев. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK