Формиран Совет за превенција од детско престапништво за Тетово

TETOVO
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во просториите на Општина Тетово денеска се одржа првата седница на Советот за превенција од детско престапништво. На оваа седница за претседавач беше избрана професорката Блерта Ахмеди, а беа изгласани и правилниците за работа на Советот.







Во овој совет има претставници од Секторот за внатрешни работи на Тетово, Центарот за социјална работа, главниот обвинител на Основното обвинителство Тетово, Советот на родители на основните и средните училишта, Унијата на средношколци, Адвокатска комора , Советот на општина Тетово, како и од други институции.

-Формирањето на Советот беше законска обврска на општината и затоа ја покренавме оваа иницијатива, која денеска има резултат. Ова е голем чекор за општината за формирање на овој совет. Мислам дека со овој состав ќе имаме продуктивна работа и можам да констатирам дека истиот совет ќе биде продуктивен во неговата работа со преземање на конкретни дејствија и активности со превентивен карактер, изјави Блерта Ахмеди.

Совет за превенција од детско престапништво брои 17 членови кои имаат мандат од пет години со право на реизбор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK