Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.
„Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата.
Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а посебно за прашањата кои се од витално значење за економската соработка“, вели Мицкоски.
Појаснува дека со Лутник се согласиле да продолжат да го развиваат стратешкото и економско партнерство помеѓу двете земји.