МВР во сабота организира фотографирање за лични документи за лицата кои наполниле 18 години, со цел да можат да гласаат

„Наместо-решение-ДПМНЕ-создава-хаос-со-личните-документи-велат-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Министерството за внатрешни работи во сабота (06.04.2024) во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK