Mонтирале фотографии од соученичка и ја исмевале со врсниците, поведена постапка против шест деца

Видео-41-истрага-запленети-200-електронски-уреди-криминалистичка-операција-против.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници, со цел да ги навредат и исмеваат и да нанесат штета на угледот на оштетените, соопшти Обвинителството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK