Митрески на средба со амбасадорката на Србија: Пријателската соработка меѓу двете земји е одлична и не постојат отворени прашања меѓу нив

Mitreski-Jovanovik2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска оствари средба со Невена Јовановиќ, амбасадорка на Република Србија во Република Северна Македонија при што истакна дека пријателската соработка меѓу двете земји е одлична и не постојат отворени прашања меѓу нив.

Двајцата соговорници констатираа дека во изминатите години се забележува една тенденција на засилување на динамиката во одржување на редовни билатерални средби на највисоко ниво од двете страни. Добрите билатерални односи мора да продолжат и во иднина затоа што е исклучително важно да продолжи соработката и успешно да се надминуваат сите разлики. На средбата беше поздравена регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, при што соговорниците се согласија деkа иницијативата значи отворање на можности за регионално поврзување и соработка, за слободен проток на патници, стоки и услуги кој води кон нивно регионално поврзување и отворање на патот кон членство во Европската Унија.

На крајот на средбата изразија уверување дека единствениот пат кон побрз развој е продлабочување на економска соработка, што ќе придонесе за постигнување на клучните европски приоритети како зелената и дигиталната транзиција, додека енергетското и инфраструктурното поврзување се клучен предуслов за развој на успешен бизнис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK