Колони на Богородица: За излез од Македонија се чека околу два часа


granica-bogorodica4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).


Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу два часа.

На граничниот премин Табановце, пак, за влез во државата се чека околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.

Посебна внимателност се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK