Ќучук: Неприфатливо е да не се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Македонија

kjucuk_23424234
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Недозволиво и неприфатливо е да не се дозволи влез на европратеникот Андреј Ковачев во Република Македонија, изјави за БТА европратеникот и известувач во Европскиот парламент за Република Македонија, Илхан Ќучук. Станува збор за бугарски државјанин, пратеник во Европскиот парламент, кој отишол таму со добри намери – да го почитува заедничкиот спомен. Треба да се изрази несогласување со овој став, кој треба да биде доволно силен од страна на бугарската амбасада и од страна на европратениците, вели Ќучук. Во понеделник ќе се сретнеме и ќе видиме што може да се направи, додаде тој.







Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Претходно денеска, европратеникот од ГЕРБ/ЕНП Андреј Ковачев, претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“ Милен Врабевски и уште три лица, граничните власти на Република Македонија не им дозволија да присуствуваат на настан во чест на споменот на загинатите бугарски војници кај Ново Село. Ковачев рече дека го информирал министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи, кој заедно со премиерот Димитар Ковачевски се во Њујорк, и не знаел точно каква е ситуацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK