(ВИДЕО) Проф. д-р Атанас Кочов: Ќе се залагам УКИМ да биде стожер на високото образование во Македонија

atanas+kocov_535435354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Проф. Д-р Атанас Кочов од машинскиот факултет е еден од кандидатите за ректор на Универзитетот “Кирил и Методиј” . Тој во интервјуто во “Тема на денот” за  телевија Сител се осврна на кратко на својата програма.







“УКИМ е ризница, УКИМ е традиција, УКИМ е извор на сите академски и научни елити на Македонија кои што биле креатори не само на македонската не само на државната туку и на регионалните политики. Од таа гледна точка мислам дека е неопходно сега во наредниот мандатен период да се посветиме да го направиме УКИМ да биде оној кој што треба да биде во државата а тоа е дека УКИМ треба да биде еден и единствен.” – посочи Професор Кочов

Потоа професорот продолжи со презентриање на својата програма каде се осврна на стандардот на професорскиот кадар кој што е главно излезен од клупите на овој Универзитет. Исто така тој ги прокоментира студиските програми и стандардот на студентите кој во овој момент е во многу лоша состојба.

Кадарот кој што работи во Универзитетот е произведен од  УКИМ и тоа значи дека УКИМ треба да го заземе своето посебно место на ниво на држава. Мора да се регулира начинот на финансирање на овој стожер бидејќи досега сме на најниско ниво од аспек на стандардадот на сите вработени на УКИМ што е недозволиво.

Она кое што мора да се грижиме е тоа да имаме студиски програми кои што ќе бидат современи, кои што ќе бидат Европски, а тоа само по себе подразбира дека мораме да имаме комплетно опремени лаборотории, односно мораме да имаме средства за да тие лаборотории можеме да ги негуваме во кои што ќе се одвива не само наставен процес, во тие лаборотории мора да се одвива и наука, мора да се одвива истражување доколку сакаме УКИМ да го издигниме на уште поголемо ниво.

И токму од таа причина мојата идеја беше дека УКИМ треба да биде националната традиција и ризница.  УКИМ треба да биде респектиран од сите во државата , УКИМ треба да биде тој кој што ќе биде водилка на високото образование и стожер на високото обравование во државата.

Внимавајте ние имаме десет лекторати кои што го негуваат македонскиот јазик, а коишто се соочуваат со сериозни финансиски проблеми. Тоа е недопустиво, УКИМ е одговорен за тоа.

Мораме да се грижиме за стандардот на студентите. УКИМ има придружни членки и студентски домови. Ги знаеме какви се условите во студентските домови. Меѓутоа постојат начини. Јас тоа и во својата претходна програма во 2016 година го напоменав. УКИМ треба да има претприемнички дух.

Продолжението од интервјуто погледајте го на следното видео.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK