ЕУ за тебе со конференција за промовирање на правата на детето на демократско учество и вклученост

deca
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод 25-годишнината од канцеларијата на Народниот правобранител во Република Северна Македонија, Делегацијата на ЕУ во соработка со партнерските организации Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Центарот за семејна и грижа за децата КМОП Скопје, како и Канцеларијата на Народниот правобранител денеска во Скопје на конференција ќе ја информираат јавноста за иницијативите за унапредување на правата на децата.







Конференцијата, како што соопштија од Делегацијата на ЕУ, ќе ја отворат амбасадорот Гир кој ќе говори за поддршката од ЕУ за создавање простор за детските права, и народниот правобранител Зибери кој ќе потсети на 25-годишната работа на канцеларијата на Народниот правобранител за заштита на човековите права.

Во панел дебатата, претставниците на сите вклучени организации ќе се осврнат на различни аспекти на состојбата со правата на децата во земјата.

Васка Бајарамовска-Мустафа, раководителка на Одделот за заштита на правата на децата при Канцеларијата на Народниот правобранител ќе ја објасни улогата на Народниот правобранител во заштитата и застапувањето на правата на децата. Сузана Киранџиска, директорка на Фондацијата „Чекор по чекор“ ќе зборува за тоа што училиштата можат да направат за да го спречат насилството и да ги промовираатдетските права, додека Драги Змијанац, претседател на Прва детска амбасада во светот„Меѓаши“ ќе се задржи на тоа зошто локалните самоуправи се клучни за унапредување на учеството на децата во одлучувањето и креирањето политики.

Кристина Василеска, директорка на Центарот за семејно и детско згрижување КМОП Скопје, ќе се осврне на аспектот како можеме да создадеме овозможувачка средина за целосно уживање на правата на детето. Димитар Георгиев, ученик од средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје, ќе ја сподели перспективата на децата и младите за важноста на нивното вклучување во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Покрај присутните градоначалници и претставници на локалните самоуправи на Дебар, Гостивар, Кисела Вода, Велес и Виница, како и директори и други претставници на партнерски училишта, на дебатата ќе учествуваат ученици од неколку средни училишта од Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK