Гроси: Иран не ги исполни доволно своите обврски за поголема транспарентност во однос на нуклеарната програма

Иран досега не ги исполни доволно своите обврски за поголема транспарентност во однос на неговата нуклеарна програма, изјави денеска во Виена шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси. Во март, Гроси и властите во Техеран постигнаа договор за зајакнување на мониторингот на нуклеарните постројки, како и истрагите на претходно тајните нуклеарни локации во Иран. Оттогаш е исполнет …

Continue Reading

СДСМ со „Рамо до рамо, до победа“ на терен со граѓаните на Прилеп, Битола, Могила, Кичево, Тетово, Ресен, Карпош, Гевгелија и Долнени

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше на терен со граѓаните на Прилеп, Битола, Могила, Кичево, Тетово, Ресен, Карпош, Гевгелија и Долнени. Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска со граѓаните на Битола беше Оливер Спасовски. – Нашата држава, нашиот народ се исправени пред историска одлука да се продолжи европскиот пат на државата, преку …

Continue Reading

ИНСТАТ: Албанија има 2,76 милиони жители, просечната возраст достигнува 38,8 години

Во Албанија продолжува падот на бројот на населението па така на крајот на минатата година имала 2.761.785 жители или за 1,1 отсто помалку споредено со 2021 година. Намалувањето на бројот на жители доаѓа од повеќе причини поврзани со демографската структура и извештаите за имиграција, што предизвикува континуирано намалување на населението од 1990 година. -Само минатата година земјава броела 32.500 лица …

Continue Reading

ФФМ: Билетите за дуелот со Украина од денеска во продажба

Билетите за претстојниот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕУРО2024 против Украина од денеска се пуштени во продажба, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Влезниците за гостувањето на Украина на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на 16 јуни, се продаваат по цена од 300 и 400 денари. Навивачите ќе можат да купат влезници на билетарницата на Арената …

Continue Reading

Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс влегува во трката за републикански претседателски кандидат на изборите во 2024 година, според денешен поднесок до Федералната изборна комисија (ФЕЦ). Пенс (63) ќе ја почне кампањата во Ајова в среда. Пенс ќе му се спротивстави на Доналд Трамп, кому некогаш лојално му служеше, но одби да го поддржи кога поранешниот претседател се обиде да ги …

Continue Reading

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“, ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Велес организираше трибина на тема „Развојни политики за стабилна економија“. Претседателот на ВМРО-ДПНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање на трибината порача дека нашата држава треба да добие фер шанса од Европската Унија, како што имале сите народи и држави, од кои не се барало себеодрекување и кои се …

Continue Reading

САД со санкции против руското разузнавање кое се обидувало да ја дестабилизира Молдавија

САД воведе казнени мерки против седум водечки членови на група поврзана со разузнавањето на Русија и еден ентитет поради вклученост во злонамерни кампањи за вршење влијание и дестабилизирачка кампања на Русија во Молдавија, се вели во денешното соопштение на Стејт департментот. Овие актери се дел од глобалните информациски операции на Русија кои исто така ги таргетираа Соединетите Држави, Европската Унија, …

Continue Reading

Претседателот Пендаровски ги додели признанијата „Инженерски прстен 2023“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Тој ги охрабри младите инженери да се вклучат во глобалниот натпревар на идеи и решенија што можат да придонесат за поодржлив раст и развој за Северна Македонија, за регионот и за Европа. Во обраќањето на 20. јубилејна церемонија …

Continue Reading

Али Ахмети: Да се обединиме за европска иднина

ДУИ денеска ја прослави 21 годишнината како политички субјект. Преку панел дискусија прво, а потоа и на пригоден коктел, првиот човек на ДУИ г. Али Ахмети во кратки точки го елаборираше патувањето на политичкиот субјект кој го води. Претседателот Ахмети меѓу другото ги спомена успесите на ДУИ во изборните процеси, потпишаните и реализираните договори, како и многуте досегашни остварувања. Во …

Continue Reading