Салма Хајек во необична креација привлече внимание во Франција, позираше со својот сопруг

Salma-Hayek-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино присуствуваа на вечерата што ја приреди Емануел Макрон во чест на посетата на Џо Бајден.

57-годишната актерка за оваа пригода носеше креација со тантела. Комбинацијата ја комплетираше со црна ташна и црвен кармин. Таа спремно им позираше на фотографите со својот сопруг.

Покрај Салма и Франсоа, меѓу познатите гости беа и модниот дизајнер Фарел Вилијамс, актерката Беренис Бежо и Џон Мекинро со сопругата Пети Смит.

Инаку, Салма Хајек е 15 години во среќен брак со Франсоа-Анри Пино. По повод нивната 15-годишнина, актерката на Инстаграм објави досега невидени фотографии од нејзината венчавка во април 2009 година, која се одржа во Венеција.

„Нема зборови со кои може да се опише благословот да се најде сродна душа. Оние од вас кои ја нашле својата сродна душа, никогаш не го земајте здраво за готово. Оние кои не сте, никогаш не се откажувајте. Сеќавајќи се на еден од најдобрите денови живот“, напиша таа во описот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK