Познатиот фудбалер, Кристијано Роналдо (41), покажа како ужива на плажа непосредно пред почетокот на Светското првенство за португалската репрезентација, а објавата на која Роналдо позира во шорцеви за капење собра над девет милиони лајкови.
Не е тајна дека Роналдо изгледа фантастично дури и во својата петта деценија, но за тоа се заслужни неговата посебна исхрана и режим на тренинг, а познато е колку е посветен познатиот фудбалер да остане во форма во секое време.
View this post on Instagram
Секоја објава што ја прави од плажа или слични снимки привлекуваат големо внимание, па затоа не е изненадување што оваа релаксација во Флорида стана вистинска сензација на мрежите, а коментарите брзо го преплавија неговиот профил.
„Баш си жежок“, „Дали сме сигурни дека овој човек има 41 година“, „Изгледа како да има 30 години“, „Како добро вино“, „Те сакам“, беа само дел од коментарите.