Принцезата Кејт проговори за прв пат откако откри дека боледува од рак

Screenshot-2024-06-10-094513.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Иако Кејт Мидлтон ја пропуштила пробата за Trooping the Colour, принцезата напишала писмо до ирската гарда, која оваа година, според долгогодишна традиција, му ги презентираат своите бои на кралот, пишува Дејли Мејл. Ова е првпат да проговори откако во март оваа година откри дека има рак.

„Сакав да ви пишам затоа што сакам да знаете колку сум горда на целиот полк пред Colonel’s Review и Trooping the Colour. Го ценам сето она што тие го вежбаа со месеци оваа година за Trooping the Color и посветија часови и часови да ги направат нивните вежби беспрекорни. Да се биде ваша полковничка, ми е чест и многу ми е жал што не можам да го поздравам овогодинешниот смотра на полковниците.

Ве молам, пренесете го моето извинување до целиот полк, се надевам дека наскоро ќе можам повторно да ве претставувам. Испратете ги моите најдобри желби и среќа на сите вклучени“, порача принцезата од Велс во писмото што го прочита еден полковник од Ирската гарда, а беше објавена и снимка на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK