Новите тетоважи на Џоли на двата средни прсти ги поттикна фановите да нагаѓаат дека е f*** you за Бред Пит

1692792288_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Анџелина Џоли имаше мистериозни тетоважи на двата средни прста, што ги натера фановите да шпекулираат дека тоа е пцост ‘f*** you’ и дека е наменето за нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Актерката (48) била кај Мистер Кеј, кој работи во популарниот селебрити-центар за тетоважи Бенг Бенг во Њујорк. На својот „Инстаграм“ тој сподели фотографија од дизајнот на внатрешната страна на прстите, но дизајнот е замаглен.

Тајноста предизвика лавина од коментари од фановите кои шпекулираа дека таа веројатно има напишано два збора f***“ и you на своите прсти.

Други коментираа дека може да пишува f***“ и Brad и дека е дизајнирана така што таа сака да го навреди својот поранешен сопруг (59), со кој започна врска во 2005 година, пред да се омажи во 2014 година и да се разведе две години подоцна.

Мистер Кеј ја означи Анџелина во својата објава на „Инстаграм“, и објасни дека е најнова во низата други тетоважи. „Сè уште не можам да верувам дека всушност ја фатив за рака и ја истетовирав. Погодете што има на дланката?“, напиша тој.

Анџелина и Бред сè уште се вплеткани во жестока расправија за старателство над нивните деца, како и за винаријата во Франција, каде порано беа ко-сопственици.

Анџелина има многу други тетоважи, вклучувајќи дизајни кои оддаваат почит на нејзините добротворни напори и децата. Таа, исто така, има повеќе дизајни посветени на поранешните љубовници, вклучително и еден познат посветен на нејзиниот претходен сопруг Били-Боб Торнтон (68).

Подоцна, Анџелина вети дека никогаш повеќе нема да испише име на друг маж на своето тело, откако го отстрани неговото име од раката по нивниот развод.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK