Најголемите скандали во историјата на Оскарите: Тепачка, бакнеж, одмазда, протест


oskari.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Свеченото доделување на Оскарите е во фокусот денес.


За некои скандали низ годините се’ уште се зборува. Во продолжение, мала ретроспектива.

Марлон Брандо одби Оскар

Во 1973 година се случи нешто сосема неочекувано. Славниот актер Марлон Брандо одби Оскар за улогата на Вито Корлеоне во „Кум“. Потоа на сцената ја испрати Сачин Мало Перо, актерка со индијанско потекло за да го прочита неговото писмо.

Во него се вели дека Брандо не сакал да го прифати Оскарот „поради начинот на кој филмската индустрија ги третира Индијанците, домородните луѓе на американскиот континент“.

Шер во специфична креација

Каков список би бил ако на него не се најде славната Шер? Освен што влезе во историјата како жена со најконтроверзните излегувања во историјата на Оскарите, Шер предизвика и мал скандал со едно такво излегување.

Шокантниот изглед во здолниште со низок струк, со минијатурен горен дел кој едвај и ги покрива градите и круната со пердуви, влезе во историјата. Во тоа време Шер сакаше да и се одмазди на филмската индустрија затоа што не беше номинирана за улогата во филмот „The Mask“.

Бакнежот на Анџелина Џоли

Ова е нешто што се прераскажува секоја година. Кога Анџелина доби Оскар во 2000 година, таа на малку чуден начин прослави со својот брат Џејмс Хевен.

Фотографијата на која го бакнува својот брат во усни брзо стана вирална, потсетувајќи многумина дека актерката веќе неколку пати изјавила колку е вљубена во својот брат.

Познатиот шамар

Ова се случи во блиското минато и на не баш убав начин го одбележа целиот Оскар. Вил Смит тогаш предизвика скандал кога му удри шлаканица на Крис Рок, кој претходно се пошегувa на сметка на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит.

Познато е дека нема коса поради алопеција, но Рок решил тоа да го искористи како основа за шега.

Иако Смит подоцна доби Оскар, му беше забрането да присуствува на церемонијата во следните десет години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK