Инес де Рамон се појави со Бред Пит (62) на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан вчера вечерта, а за премиерата на неговиот нов филм „Срцето на ѕверот“ избра впечатлива комбинација.
33-годишната дизајнерка на накит носеше долг зелен чипкаст фустан со длабоко деколте, тенки прерамки и проѕирен долен дел. Косата ја собра во елегантна пунџа, додека избра неколку ненаметливи парчиња накит што ја комплетираа комбинацијата.
Стилот на Инес де Рамон често се опишува како комбинација од неутрални тонови, елеганција и таканаречен „тивок луксуз“. Таа има не само моден имиџ зад себе, туку и кариера во индустријата за луксузен накит. Таа работеше во одделот за накит на аукциската куќа Christie’s и швајцарскиот бренд de GRISOGONO, а денес е потпретседател и раководител на големопродажбата на брендот Anita Ko Jewelry од Лос Анџелес.
Бред Пит, исто така, го промени начинот на облекување во последните години. Наместо едноставните комбинации по кои претходно беше познат, тој сè повеќе избира посветли бои, порелаксирани кроеви и похрабри парчиња.
„Како што стареете, станувате понамќорести, а удобноста ви е сè поважна“, изјави тој за Esquire во 2021 година. „Мислам дека е многу едноставно. Ако воопшто имам стил, тоа е ‘без стил’“.
„Ми се допаѓа монохроматски изглед, сè додека не се чувствува како униформа. Ми се допаѓа едноставноста“, рече тој.
Бред Пит и Инес де Рамон претежно ја чуваат својата врска подалеку од очите на јавноста.
фото/ЕПА