Промоција на книгата „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“ во музејот „Стерјо Спасе“ во Глобочани

promocija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во спомен- музејот „Стерјо Спасе“ во селото Глобочени, општина Пустец, утре ќе биде промовирана книгата „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“ од доц. д-р Бранислав Светозаревиќ.







Настанот е во организација на Македонското друштво „Сонце“ и општина Пустец, а по повод 24 мај денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

-Делото претставува научен труд со комбинација на извори и анализи, односно сублимат на голем дел досегашни сознанија и истражувања од македонската историска наука. Книгата, како што вели авторот, е посветена на сите знајни и незнајни Македонци низ вековите кои оставиле траги дека се Македонци, како што кажува и авторот „траги кои денес повторно не потсетуваат што треба да правиме како што вели Мисирков“, изјави за МИА Васил Стерјовски, претседател на друштвото „Сонце“.

Настанот почнува во 12 часот, а ќе присуствуваат македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, градоначалникот на Пустец Пали Колефски, Ацо Крстески, претседател на СМК-Европа и секретар на клубот „Александар Македонски“ од Карлсруе, Сојузна Република Германија. Промотор е м-р Марјан Гијовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK