Објавена ,,Срце во мозокот“, најновата поетска книга на Ристо Лазаров

srce-vo-mozokot
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Издавачкиот центар ,,Антолог“ од Скопје ја објави најновата поетска книга на Ристо Лазаров ,,Срце во мозокот“.







Наведувајќи ја како мото на својот поговор кон книгата на Лазаров библиската сентенца дека ,,Мислата на срцето човечко е зла“, Лидија Капушевска Дракулевска забележува дека во сенките на сегашноста човекот како да станува сѐ помалку емотивно, а сѐ повеќе неразумно (ирационално) суштество. А само доколку срцето и разумот се проникнуваат во човекот, може да се постигне баланс во животот и во светот. Ова е стожерна оска околу која гравитираат стиховите од најновата книга на Лазаров, наведуваат од „Антолог“.

Првата средба со оваа книга стихови збунува веќе со самиот необичен наслов (впрочем, како и претходната именувана „Чинук“). Срце во мозокот – дали со изборот на оваа, навидум парадоксална синтагма (спој на емотивноста и интелектот), поетот, можеби, сака да го изрази парадоксот и апсурдот на нашето совремие? И зошто „главатарите“ (како што се именувани денешните политички моќници), „се препознаваат / по срцата вгнездени во нивните глави“ – како што иронично ќе рече лирскиот субјект во воведната, истоимена песна? Дали се тие свесни за безумието и лудилото што го креираат? Или, пак, се раководат од емоции (и тоа негативни, како омраза, гнев), наместо рационално да се соочат со предизвиците? Како и да е, изборот на насловот на стихозбирката „Срце во мозокот“ е успешна поетска алатка која провоцира со нагласената врска помеѓу емоциите и когницијата, посочуваат издавачите на книгата на Ристо Лазаров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK