Проектот „Простор за разговор“ ја продолжува Националната турнеја во Тетово

prostor-za-razgovor
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, ја продолжува Националната турнеја на проектот „Простор за разговор“- “Dancing (Talking)Table”. Денеска ќе бдие одржан настан во партнерство и соработка со здружението Кортекс – Тетово и Средното медицинско училиште Никола Штајн“ од Тетово.







Во рамки на настанот ќе се прикаже филмот „Простор за разговор“ во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, музика на Тони Китановски, костими на Благој Мицевски и сценско обликување и светло на Матеа Мијановиќ, а изведувачи се танчерите на Скопје танцовиот театар: Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Адријана Данчевска, Бобан Русески, како и Стефани Шааршмит, Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Микаела-Анџела Глигорова, Илина Костовска, Моника Шолевска, Ангела Петровска и Стефанија Милевска Враниќ, студенти на Катедрата за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев“. Филмот е создаден како сценска рефлексија на истражувањето за односот на општеството кон темата на родова еднаквост и семејно насилиство, со цел да се сврти вниманието на јавноста кон овој горлив проблем.

На темата ќе се обратат: Бинас Пајазити – Директор на училиштето „Никола Штајн“, м-р Небахат Имери – оснивач на ЗПСП Кортекс работи советување и психотерапија со млади и возрасни, вработена во ЈУМЦСР-Тетово и Рисима Рисимкин, уметник и професор, уметничкиот автор на проектот кои ќе зборуваат на темата за родова еднаквост и семејно насилство.

Националната турнеја на проектот се случува во партнерство со универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, „Националната мрежа против семејно насилство“ и локални партнери од десетте града во Македонија, кои се занимаваат со култура и темата на родово еднаквост и родово базирано насилство.

„Простор за разговор“, своја премиера имаше на 26 ноември 2022 година во Мала станица во Скопје, и за таа цел беа создадени уметнички рефлексии на темата, преку современа танцова претстава и филм на истата тема. Во месец мај турнејата ќе продолжи низ повеќе градови во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK