Награди за претставата „Роња“ на Театарот за деца и младинци во Нови Сад

kultura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Куклената претстава „Роња, ќерката на разбојникот“ на Театарот за деца и младинци од Скопје освои две награди на годиаешното издание на интернационалните Новосадски театарски игри, кои во изминативе осум дена се одржаа во овој град во Србија. Најновата претстава на скопскиот театар во режија на младиот, но веќе афирмиран чешки режисер Јакуб Максимов ја доби највисоката награда „Гран при за најдобра претстава во целина“, а жирито на фестивалот дополнително ѝ додели награда за „Мајсторство во анимацијата“ на актерката Матеа Јанковска за креацијата на улогата на Роња во истата претстава.







„Претставата во сите сегменти е исклучителна и слоевита, во исто време архаична и модерна, а ги поседува сите компоненти кои ја прават врвна“, ја аргументираше својата едногласна одлука жирито на Игрите при прогласувањето на претставата за најдобра на годинешниот фестивал.

Соопштувајќи ја пак наградата за актерката Матеа Јанковска, која исто така беше донесена едногласно, жирито со одбрани зборови оценува дека „Матеа опитно ги анимира куклите, енергично и од срце создава лик на храбро и смело девојче, користејќи широк спектар аниматорски и актерски вештини“.

Овие високи признанија се освоени во конкуренција на 12 претстави од 10 држави, меѓу кои, покрај земјите од регионот, и од Германија, Шпанија, Израел и Унгарија, соопшти Театарот за деца и младинци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK