Неколку скопски општини денеска без струја

struja_3253534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врз основа на добиеното известување од ЕВН, Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, известува дека, поради технички интервенции во електро-дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Петровец, Гази Баба и Центар, како и корисници во Катланово.







Во период од 08:30 до 15:00 часот струја ќе немаат корисниците во Катланово: Тотинци, Бадар, Кожле, ЗИК Фазанерија, фирма Арадико, фирма Еуроленд Венгал, цело Катланово, Катлановска Бања, Летевци, с.Брезница,с. Градманци, бензсика пумпа Макпеторл, Окта, објектите околу автопат Скопје-Велес, во близина на Катланово.

Дел од Петровец исто така ќе нема електрична енергија, како и дел од село Ржаничино, М-Лаб, Транс Логистик во општина Петровец.

Во период од 09:00 до 13:00 часот корисниците во село Страчинци во општина Гази Баба ќе немаат струја, а во период од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од улицата Загребска, црква Св.Јован Крстител во општина Центар ќе остане без електрична енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK