На денешен ден

denesen_den_345346
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Денеска е Светски ден на физичката активност







1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи тргнал на првото патување во новиот свет. Впловил до бреговите на Хондурас и на Бразил и открил нов континент меѓу Европа и Азија, наречен Америка.

1774.- Умрел Луј IV, крал на Франција. Роден бил на 15 февруари 1710 година. Него го наследи Луј XVI, последниот француски крал од династијата на Бурбоните.

1881.- Крунисан бил романскиот крал од германско потекло Карол Први Хоенцолерн, првиот крал на Романија.

1899.- Роден е Фред Астер, американски филмски актер и танчер. Во танчерската техника го спојувал класицизмот од почетокот на 20-от век со современите сваќања на танцот. Бил актер во филмовите „Време на свингот“, „Смешно лице“ и „Бродвејски мелодии“. Умрел во Лос Анџелес, на 22 јуни 1987 година.

1933.- Четири ипол месеци откако Хитлер ја приграбил власта, разулавените нацисти во Берлин пред Рајхстагот, запалиле повеќе од 25.000 книги. Слични настани се случиле таа ноќ и во други германски градови.

1936.- Во Софија излегол првиот број на „Народносни глас“, весник за народносни прашања, политика и култура. Се залагал за признавање на правата и самостојноста на Македонија, заедно со другите краишта во Југославија. Уредник беше Милан Дамјанов. Последниот, петти број, излегол на 1 октомври 1936 година.

1940.- Британскиот премиер Невил Чемберлен, потписник на Минхенската спогодба и иницијатор на политиката на попуштање спрема Хитлер, поднесол оставка. Него го наследил Винстон Черчил.

1941.- Хитлеровиот заменик Рудол Хес се спуштил со падобран во Шкотска со намера кај британската влада да издејствува сепаратен мир со нацистичка Германија.

1977.- Во Њујорк умрела Џоана Крафорд, американска актерка. За улогата што ја играла во филмот „Милдред Пирс“, во 1945 година ја добила наградата „Оскар“. Во 1965 година престанала да снима филмови и ја напишала автобиографската книга „Мојот начин на живеење“. Родена била во Сан Антонио, на 23 март 1908 година.

1977.- Во Саутемптон умрел Џејмс Џонс, американски писател, автор на повеќе дела, меѓу кои и на познатиот роман „Одовде до вечноста“ како и романите „Некои дојдоа трчајќи“, „Тенка црвена линија“ и други. Роден бил во 1910 година.

1987.- Во една болница во Марсеј, Франција, умрел Емануел Витрид, кој најдолго живеел со пресадено срце. На Витрид, на 28 ноември 1968 година му било пресадено срце од 20-годишник. Роден бил во 1920 година.

1989.- Алпинистите Димитар Илиевски (35) од Битола, Виктор Грошељ (36) од Љубљана и Стипе Божиќ (37) од Сплит го освоиле највисокиот врв на светот, Монт Еверест. Притоа загинал Димитар Илиевски.

1997.- Во земјотрес во источен Иран загинаа најмалку 1.560 луѓе.

2002.- Поради издавање тајни на Москва, на доживотна казна затвор бил осуден поранешниот агент на ФБИ Роберт Хансен, за кого се верува дека бил меѓу оние кои им направиле најголема штета на интересите на САД.

2006.- Хамас и Фатах постигнале примирје. Палестинскиот премиер Исмаил Ханије соопштил дека неговата владејачка радикална исламистичка организација Хамас постигнала договор со ривалскиот Фатах за прекин на судирите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK