Со мотоцикли прегазени тројца пешаци на улиците низ Македонија – жена загина, а дете е повредено во училиштен двор

policija-deca-velosiped.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Тројца пешаци вчера биле прегазени oд мотори на улиците низ државата.

Според информациите од МВР, 68-годишна жена починала, кога во неа удрил мотоцикл без ознаки, управуван од малолетник во Прилеп.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.М. и била пренесена во Градската болница Прилеп каде што подоцна починала, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот“, велат од МВР и додаваат дека извршен бил увид.

Истовремено, во Валандово во двор на основно училиште во Валандово, мотоцикл, управуван од малолетник од Валандово, удрил во малолетен пешак од с.Пирава, валандовско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово.

Слична несреќа имало и на булеварот Никола Карев во Скопје, кога мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.А.(26) од Скопје, удрил во пешакот 67-годишната Е.Д.(67) од Скопје. Таа се здобила со тешки телесни повреди  констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK