Приведен државјанин на Косово поради поткуп на Долно Плаце

granica-pasosh-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата го приведе Б.П.(42) од Косово на Граничниот премин Долно Блаце, поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

При пасошка и гранична контрола на патничкото возило „опел зафира“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, со документите дал пари како поткуп за да му се дозволи на неговиот сопатник К.С.(25) од Република Турција, кој го пречекорил престојот во државата, да оствари излез.

„Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север. К.С., исто така, бил приведен и задржан во полициска станица за понатамоишна постапка“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK