Недозволено оружје и муниција пронајдени кај скопјанец, поведена истрага

osnovno javno obvinitelstvo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.







-При претрес во домот во кој привремено престојувал 35-годишниот скопјанец, полицијата под креветот пронашла автоматски пиштол „Застава М84 – Скорпион“ со калибар 7,65 мм, кој како оружје им е целосно забранет на граѓаните, како и рамка за тој пиштол. Освен тоа, бил пронајден уште еден пиштол и 72 куршуми со различен калибар, ловна пушка и 14 патрони ловна муниција, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.

При претрес, пак, во станот во кој осомничениот имал пријавена адреса на живеење биле пронајдени уште 500 куршуми мало зрно со калибар 4 мм.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот бидејќи, како што се наведува во соопштението од Обвинителството, постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да ја попречува постапката со влијание врз сведоците и опасност да го повтори делото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK