Наредба за истрага против разбојник кој ограбил финансиско друштво

javno-obvinitelstvo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник осомничен за „Разбојништво“, кој со маска на лицето влегол во финансиско друштво и со нож ѝ се заканувал на вработената дека ќе ја нападне доколку не му даде пари.







– Осомничениот, на 15 мај, ставил маска на лицето и влегол во финансиско друштво на улицата „3-та Македонска ударна бригада“ во Куманово. Од појасот извадил нож и со започнал да се заканува на вработена во подружницата дека ќе ја нападне доколку не му даде пари. Исплашена за сопствениот живот, оштетената му кажала дека парите се наоѓаат во фиоката, па осомничениот ја отворил фиоката и одзел 13 740 денари и една службена банкарска картичка. Веднаш потоа го напуштил објектот​, стои во соопштението од Јавно обвинителство.

Оттаму дополнуваат дека до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово надлежниот јавен обвинител поднел предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постои опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз сведоците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK