Скопјанец пријавил во полиција дека бил нападнат и ограбен додека возел велосипед на подрачје на Општина Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во СВР Скопје, Б.А.(39) од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, додека управувал велосипед, едно лице физички го нападнало со тврд предмет и му го одзело ранецот со пари и лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.