Песков: ЕУ глуми дека сака да преговара со Русија за Украина


13668246.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за преговори за иднината на Европа, но во време кога „Европејците созреваат“.


„Сè сфаќаме сериозно. На еден или друг начин, потребно е да се разговара за идната структура на Европа. Ова е невозможно без учество на Европејците. Затоа преговорите ќе бидат неопходни на еден или друг начин“, рече Песков во интервју за каналот „Известија“.

Тој додаде дека Русија, како и Путин, е отворена за овие преговори, но дека „Европејците само што почнаа да созреваат“.

„Ќе видиме. Бидејќи овие разговори за преговори засега се повеќе еден вид квази-схоластика. А акцијата засега е насочена кон вршење притисок врз Украинците, за да одат во војна и да не се согласуваат со никого. Тоа е реалноста“, рече претставникот на Кремљ.

ЕУ глуми дека сака да преговара со Русија за Украина, додека всушност само го охрабрува Киев да го продолжи конфликтот, изјави денес Песков.

Тој им рече на новинарите дека Брисел врши притисок врз Украина да продолжи да се бори против Русија и да не преговара со никого за постигнување мировен договор, објави „ТАСС“.

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека нема да ја одбие улогата на преговарач на Европската Унија со Русија, доколку му биде понудена, објавија руските медиуми во неделата.

„Ако веќе прашуваат, тоа е веројатно прашање на кое не може да се одговори негативно“, им одговори Стуб на новинарите, кога го прашаа дали би бил подготвен да ја преземе улогата на претставник на ЕУ во преговорите со Русија.

Фото: ЕПА

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK